СДСМ : СЕ СОГЛАСУВА ЛИ СИЛЈАНОВСКА СО КОВАЧЕВ ЗА НЕГОВИТЕ ИЗЈАВИ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?

0
353
Наместо да се правдаат и напаѓаат ДПМНЕ и Силјановска нека одговорат дали Силјановска се согласува со изјавите на Ковачев за Гоце Делчев?
Ковачев пред 5 години на Македонија и порача да признае дека Гоце Делчев е Бугарин и пак ќе сме се разбуделе живи и здрави. Дали се согласува со изјавата на Ковачев кој рече дека разбирал дека е тешко да се надмине децениски фалсификувана историја, исто пред 5 години?
Која изјава точно ја поттикнало Силјановска да се слика со Ковачев и истата да ја промовира во јавност.
Дали и сега можеби Силјановска се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?
ДПМНЕ може да се правдаат, објаснуваат и напаѓаат, но не можат да ја сокријат заедничката цел со Ковачев, а тоа е Македонија да се попречи на патот до конечен влез во ЕУ. И едната и другата страна преку Ковачев прават сѐ да ја закочат европската перспектива на државата.