(ВИДЕО) РЕЖИМСКИ КОДОШИ секаде околу нас: И протестот во Кавадарци сниман од слуга на Митко Чавков!

0
1333

Објективот на МВР на терен, на синоќешниот протест во Кавадарци на кој масовно беше изразен револтот против аболицијата на Иванов, вработено лице во МВР со камера го снимаше настанот, пренесува порталот Мојотград.

Според нашите извори станува збор за лице кое е вработено во МВР, секторот за крим техника во општина Неготино. Неговото присуство го навлече гневот на протестантите кои експресно побараа да престане со снимање и да го напушти местото.

Полицајците кои го обезбедуваа просторот пред општинската зграда во Кавадарци не дозволија да дојде до посериозен инцидент. Ова е уште еден нов предизвик за министерот Оливер Спасовски да истражи дали ова лице било на работа во тоа време, и по чија наредба го снимал протестот.

Како и  во претходниот случај кога вработен во МВР снимаше на протестот во Скопје така и овде преку Секторот за внатрешна контрола на МВР може да се открие кој го пратил вработениот во МВР од Неготино да снима на протестот во Кавадарци, кој му ја доверил задачата, за какви потреби му биле снимките од протестите.

За да се избегне поголем инцидент, лицето од МВР го затвори објективот од камерата и заврши со снимањето откако изреагираa револтираните граѓани.

Дополнителниот заменик министер , Чавков, самиот јавно призна и се закани дека полицијата снима и ќе гони кривично.