НАМЕСТО КАЗНИ И ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ, КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОЧНА ДА ДЕЛИ ОПОМЕНИ ЗА ВОЗАЧИТЕ СО СРПСКИ ТАБЛИЧКИ

0
463

Косовската полиција ја изрече првата опомена за возилата кои не се пререгистрирани од српски регистарски таблички, во таблички со назнака РКС, објави РТС.

На административниот премин Јариње, неколку минути по полноќ истече рокот за пререгистрација што го постави Приштина, а изречена му е опомена на возач чие возило е регистрирано со КМ табличка. На административниот премин Јариње нема гужва, но на територијата на Косово од полноќ почнаа да се спроведуваат новите мерки за пререгистрација што ги донесоа институциите во Приштина, јави репортерот на РТС.

На административните премини, косовската полиција на возачите со регистарски таблички од градовите од северот на Косово им доделуваат потврди односно опомени, дека се известени дека треба да ги пререгистрираат возилата. Постојат упатства за пререгистрација на хартија.