АХАХАХ АБЕ ДА НЕ ПУКНЕТЕ – ГЛЕЈТЕ КОЛКУ СЕ ГРУЕВЦИ ОЧАЈНИ НО И ВО ИСТО ВРЕМЕ МИЗЕРНИ ЗА ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ : Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ бара од Заев и СДСМ да ги предвидуваат земјотресите?!

0
2134

Охриѓани десетина дена се вознемирени и стравуваат за сопствената безбедност и безбедноста на своите најблиски. Десетина дена се почести и за жал се посилни се земјотресите во охридско-преспанскиот регион кои централната власт предводена од СДС ги игнорира и се однесува како да не постојат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денешниот земјотрес од 5,1 степени по рихтер предизвика паника во Охрид, а информациите од терен говорат и дека е предизвикана материјална штета на објекти.

Централната власт ги заборави Охрид, Струга и Ресен, а граѓаните во нив се чувствуваат како да се отсечени од Македонија секогаш кога се наоѓаат во некаква кризна состојба.

Централната власт нема издадено препораки за однесување во вакви критични моменти кои загрижените граѓани треба да ги следат. Граѓаните не знаат дали се побезбедни во своите домови или надвор од нив, каде постои друга низа опасности особено пред повисоките објекти.

Граѓаните не знаат каде да пријавуваат штети, и да побараат проверки на статиката на своите домови после овие се позачестени и посилни земјотреси кои што се игнорирани од власта.

Централната власт не смее да спие туку мора да ја зголеми готовноста и оперативноста.

И граѓаните на Охрид, Струга и Ресен како и во сите други градови заслужуваат искрено внимание и помош од власта која има одговорност за нив, а не нивна злоупотреба само кога од тоа се собираат политички поени во време на политички кампањи.