СПАСОВСКИ СМЕТА ДЕКА МАЕИ АКТИВНО ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

0
377

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи/Фото: МВР

Македонската алијанса за европска интеграција придонесува кон континуираното подигање на свеста за посебниот македонски идентитет – позиција изградена низ децениите заеднички соживот, добрососедство, солидарност и уважување како реален респектабилен доказ како треба да се гради и развива граѓанското општество, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на четвртиот Конгрес на оваа политичка партија во Корча, Албанија, на покана од претседателот Васил Стерјовски.

Според Спасовски, Македонската алијанса за европска интеграција, создадена во 2004 година во Тирана како прва и единствена македонска партија во Албанија што ќе се грижи за положбата и правата на Македонците во оваа држава, создава традиција на активно политичко делување, ширејќи го духот на пријателството и зближувањето меѓу двете држави.

-Македонската алијанса за европска интеграција се изродила како производ на соработката на претставниците на бројни македонските здруженија кои активно работат во Албанија, како што се Заедницата на Македонците во Албанија, Политичкото друштво МИР од Тирана, Друштвото Преспа од Пустец, Македонско-Егејското друштво МЕД од Врбник и Друштвото Гора од Кукс, при што е востановена и основната цел на оваа партија, а тоа е зачувување на правата, социјалните, политичките и етнокултурните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, рече Спасовски.Спасовски на четвртиот Конгрес на Македонската алијанса за европска интеграција: Активен придонес за подигање на свесноста за македонскиот идентитет.