БУГАРСКИ ВЕСНИЦИ : ПОКРАЈ ЏАМБАСКИ, ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА ИМ СЕ ЗАБРАНУВА И НА КАРАКАЧАНОВ ОД БУГАРСКОТО ВМРО, КОВАЧЕВ И ВРАБЕВСКИ?

0
469

Красимир Каракачанов, Ангел Џамбаски, Андреј Ковачев и Милен Врабевски неофицијално се споменуваат во списокот на Република Македонија за забрана за влез, пренесе бугарски „Труд“.

„Доколку тоа се случи, се разбира, бидејќи засега се само гласини, тоа ниту ќе ги промени моите убедувања за бугарските национални интереси и Македонија, ниту ќе ме натера да размислувам поинаку, но, за жал, нема да промени ништо ниту во меѓудржавните односи меѓу Бугарија и Македонија“ – коментира за БНТ Красимир Каракачанов, почесен претседател на ВМРО и поранешен министер за одбрана.
Според него, Скопје се обидува да го префрли фокусот на вниманието по уште еден брутален инцидент врз Бугарите во Македонија. Каракачанов потсети дека прво бил запален бугарски клуб во Битола, потоа биле искршени стаклата на бугарскиот клуб во Охрид, потоа се пукало во истиот клуб, а потоа бил претепан секретарот на овој клуб.

И кога оваа работа не може да се премолчи, Скопје наместо да каже „жалиме, конечно ќе преземеме мерки“, тие се обидуваат да измислуваат други проблеми“, коментира почесниот претседател на ВМРО.

На прашањето кој е виновен што се дојде до овој невиден тон и ситуација, Каракачанов е категоричен: „Бугарија е виновна затоа што нема конзистентна политика на тема Македонија од пред можеби 44 години. Бугарија е проблемот и ова го велам како активен учесник во бугарскиот политички живот“.
По промените, темата „Македонија“ се најде на 5-10 место како приоритетно според Красимир Каракачанов.

„Во текот на сите овие години и бугарските политичари и медиумите во Бугарија размислуваат за темата „Македонија“, кога некој е претепан, кога Бугарин се осудува како Бугарин“, изјави Каракачанов.