Се делат бекатон плочи и во виничкото село Трсино, реагираше полицијата

0
1548

Изутрина во 8 часот шлепер на кумановска фирма донел бекатон плочи во виничкото село Трсино, кои биле делени по дворовите на луѓето.

Според информации на А1он бекатон плочите биле платени, наводно за поплочување на улицата која градоначалникот на Виница, Емил Дончев ја имал ветено во предизборната кампања. Тој ангажирал фирма уште пред изборите и склучил договор за бекатон плочите.

Мештаните се револтирани, велат дека им било кажано од градоначалникот да седат плочите по нивните дворови како гаранција дека ќе почнела реконструкцијата на улицата веднаш по изборите.

Овој обид за влијание на гласањето во недела било пријавена во полицијата, која кога дошла во селото, направила записник, но откако заминала повторно шлеперот почнал да истоварува бекатон плочи.

Дел од жителите најавија дека ќе излезат јавно во медиумите и ќе кажат дека нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и дека нема да ги купи сега пред избори со бекатон плочи.

Ваквите активности требаше да исчезнат од предизборието на Македонија, но по се изгледа ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од поткуп на гласачите и влијание со државни ресурси.

Извор : А1он