ПРИОРИТЕТИ НА СЛОВЕНИЈА КАКО НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ: ЗАПАДЕН БАЛКАН; ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ ПО КОРОНА КРИЗАТА

0
828
Словенија утре ќе го преземе претседателството со Европската унија. Нејзините приоритети ќе бидат процесот на проширување на Западен Балкан, одржливиот развој и закрепнувањето по пандемијата.
Владата на Словенија утре ќе организира настан на Брдо кај Крањ, предводен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и ќе се разговара за програмата и приоритетите на словенечкото претседателство.

Слоганот е “Заедно. Издржлива. Европа” и ќе се разговара за зајакнување на отпорноста, закрепнувањето и стратешката автономија на ЕУ, за иднината на Европа, за зајакнувањето на европските вредности и владеењето на правото, како и развојот на трансатлантските односи и продолжување на процесот на проширување на ЕУ.

Словенија го потенцира регионот (Западен Балкан) како еден од главните геостратешки приоритети на ЕУ, затоа мора да ги зајакне своите активности, присуство и фондови за развој на регионот. Еден од најголемите предизвици на нашето претседателство ќе биде да најдеме доволно политичка волја, и во ЕУ и во регионот, да се решат дури и најтешките прашања во регионот на конструктивен начин” – рече словенечкиот министер за надворешни работи, Анже Логар.