ПА ОВА Е ВЕОМА ВРЛО НЕВЕРОЈАТНО, И КАНЧЕВСКА МИЛЕВСКА Е НЕВИНА ?!?! КАНЧЕВСКА МИЛЕВСКА : ЧЕСТИТИ СУДЕ, НЕВИНА СУМ, ЕВЕ НЕМА ДА БЕГАМ САМО НЕ МЕ АПСЕТЕ ЗА 53 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!!!

0
1957

Апелационите судии денеска на јавна седница ги разгледуваат жалбите на СЈО за неопределените притвори во предметот „Тендери“.

СЈО смета дека меракта која и ја определи првостепениот суд на Канческа-Милевска не е доволна и дека треба да и се определи притвор со цел нејзино обезбедување за непречено водење на постапката.

За одбраната на ексминитерката, престрога мерка е и одземањето на пасошот и тие се жалат на оваа мерка, бараат на Канческа-Милевска да и се врати пасошот.

Обвинителот Гаврил Бубевски пред судиите рече дека висината на казната која и се заканува е околност укажува на потребата од мерката притвор.

Канческа-Милевска пред судиите рече дека е изненадена од предлогот на СЈО за притвор зошто рече никогаш не ја попречила постапката и не дала повод да и се определи таква мерка. Таа тврди дека не постои кривично дело, дека нема докази и дека Министерството ја спровело јавната набавка транспарентно и согласно законот.

Нејзината одбрана тврди дека СЈО не укажало на ниту една изменета околност откако првостепениот суд одлучувал за да се определи мерката што ја бара, дека Канческа Милевска секогаш одговарала на поканите на обвинителството. Тој додаде дека жалбата на Обвинителството е доставена надвор од рокот од 24 часа во кој треба и затоа треба да се отфрли.

Адвокатот, Сашо Дуковски рече дека обвинетата често патувала како тогашна министерка за култура и има документација која го потврдува тоа, а на никој начин не ја попречувала постапката. Сега, пасошот и е потребен за пратеничката функција.

Екс министерката за култура е првоосомничена во случајот за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО од проектот „Скопје 2014“, со што според СЈО, буџетот бил оштетен за околу 54 милиони денари.