ОСМАНИ : ЖАЛНИ И НЕКОРЕКТНИ СЕ ИЗЈАВИТЕ НА БУГАРСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ДЕКА НАСТАНОТ СО ФУДБАЛСКИТЕ НАВИВАЧИ ЈА ОДДАЛЕЧУВА МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ

0
506
Не може врз основа на навивачите да се носат заклучоци за односите што ги имаат одредени етнички групи, а сега во овој случај и државите. Вака министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги коментира насилните сцени на натпреварот помеѓу фудбалските клубови – домашниот „Шкупи“ и софискиот „Левски“, завчера во Скопје„Тоа е посебен свет во кој навивачите си имаат однос еден кон друг, не треба да се ставаат во контекст на односите помеѓу државите. Ако правиме корелација ќе направиме штета“, рече Османи на брифингот со новинарите.

Според него, она што треба и се прави во таков случај е идентификување на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата.Министерот во насока на тоа, кажа дека тензии има и меѓу клубови од иста етничка група.Прашан од бугарска новинарка како ги коментира изјавите на дел од политичарите во Софија дека настанот ја оддалечува Македонија од ЕУ, Османи изјави дека ваквите заклучоци се жални и навистина некоретни.

„Сите кои даваат такви изјави го прават тоа злонамерно. Политичките партии што се обидуваат да го поврзат настанот, односно навивачите со односот помеѓу државите собираат политички поени“, дециден е Османи.Додаде дека го проследил ставот на бугарското Министерство за надворешни работи што го оцени како коректен и за него тоа е ставот на бугарската држава.