Пендаровски со еден потег ја уби црната кампања на ВМРО ДПМНЕ против Спасовски и Маричиќ : Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат

0
747

Претседателот на државата во интервју за емисијата „Стадион“ на Канал 77, тврди дека досега ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат.

„Не е точно дека само Пендаровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат. Ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секој пат ти дава писмен одговор – „вашето барање е одбиено“. Тоа што ги споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ … Такво нешто нема досега нема добиено ниту еден политичар на локално или централно ниво. Никој политичар нема добиено негативно решение или да е формално одбиен од НАТО“, рече Пендаровски на Канал 77.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатија прашања до министрите Спасовски и Маричиќ дали е точно дека не добиле безбедносни сертификати од НАТО.

„Мислам дека се работи за апсолутен скандал и минимум што треба да направат е да поднесат оставка. Еве една јавна провокација до двајцата: дали едниот нема безбедносен сертификат заради соработка со служби коишто не се дел од НАТО, а вториот заради корупција“, рече вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Хирург: „Луѓето добиваат СРЦЕВ И МОЗОЧЕН УДАР ако секое утро не…“