МИЦКОВСКИ МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА АПАСИЕВ: ТОЈ Е СЛУГА НА ЗАЕВ, ИЗВРШУВА НЕГОВИ ВАЛКАНИ ЗАДАЧИ!

0
824

Мицкоски за законот за лични карти: На Заев му смета сега да стои во личните карти терминот Македонец, националната припадност е наше право.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по посетата на компанијата „Еко циркон“, која што се наоѓа во Општина Гази Баба, одговарајќи на новинарски прашања исто така истакна дека навистина не гледа проблем за да во личните карти стои и етничката определба.

„Јас навистина не гледам проблем во тоа да стои во личната карта дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои што од страна му служат на Зоран Заев, кои што се обидуваат да го спречат сето тоа. Јас навистина не гледам зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец. А, некој тоа сака да го спречи. Зошто сака тоа да го спречи? За тоа што им пречеше македонскиот јазик, им пречеше Македонија, им пречеше АСНОМ, и што уште веќе не им пречи. Но, не им пречи да крадат и да пљачкаат од сопствениот народ“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека навистина не гледа што е тука спорно, ако во графата националност, стои неговата етничка припадност дека е  Македонец. И инсистира тоа да стои. Зошто сето тоа да се опструира, зошто да се прават безпотребни филибастеринг процедури.

„И зошто да му слугуваме на Зоран Заев кој што има договор политички со БЕСА и сега бара преку некои странични други парламентарни партии кои што самиот кажа дека им обезбедувал ресурси и логистика пред избори да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, сега да нанесат штета на македонскиот народ. Зошто тоа што Зоран Заев го избриша со тој насилен договор кој што го донесе во Преспа, денеска ние да не го вратиме во Парламентот и во мојата лична карта да стои мојата националност и мојата етничка припадност дека сум Македонец. Што има тука спорно, меѓу вас претпоставувам дека има и луѓе од различни етнички припадности. Зошто тоа што го избриша Зоран Заев по насилен пад да не биде вратено назад во личните карти? Не гледам пречка во тоа“, појасни Мицкоски.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ