СДСМ : ЛЕВИЦА ЗАЕДНО СО ВМРО-ДПМНЕ ВО КАРПОШ РАБОТИ ПРОТИВ ГРАЃАНИТЕ И ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА

0
722

Советниците од Левица во Општина Карпош на вчерашната седница на Советот гласаа против интересите на жителите на населените места Злокуќани и Бардовци.

Советниците на Левица заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ гласаа за Одлуката да се зголеми надоместокот за градежно земјиште за овие населени места, што претставува директен удар на џебот на населението кое во главно заработува за живот од земјоделството.

Покрај ова, Левица ги лаже жителите на Карпош, дека советниците на СДСМ гласале за воведување на зонско паркирање во Општина Карпош.

Вистината е дека се регулира таксата единствено за постоечките два паркинга каде веќе има зонско паркирање.

Таквата одлука во никој случај не значи воведување на зонско паркирање на целата територија на Карпош, нешто на што СДСМ се противи.

Политичката партија Левица е иста како и нејзиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, таа знае само за дезинформации, за лажни вести и политиканство на штета на граѓаните и општините.