ИЗНЕНАДУВАЧКА КОНСТРУКТИВНОСТ НА МИЦКОСКИ НА СРЕДБАТА СО ЗАЕВ, СЕ СОГЛАСИ НА ДЕБЛОКАДА НА РЕФОРМСКИТЕ ЗАКОНИ, ПОПИС ВО СЕПТЕМВРИ И ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ОКТОМВРИ

0
768

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зад затворени врати во Клубот на пратениците одржаа повеќечасовна средба во четири очи од која излегоа со помирувачки изјави и договор да се одложи пописот

Мицкоски оцени дека денешната средба била успешна и оставиле отворена врата и за други средби. Веќе од утре ќе биде покрената постапка за изгласување на измените на Изборниот законик за да се овозможи гласање со отисок на прст. Околу работата во парламентот се согласиле ВМРО-ДПМНЕ да работи заедно со мнозинството на сите закони кои се однесуваат на интеграцијата на Македонија во ЕУ и сите закони што се однесуваат околу поддршката на економијата за пандемијата и другите од тој пакет.

Околу вакцинацијата Заев известил дека во текот на април ќе стигнат околу 350 000 вакцини, а потоа до мај околу два милиони дози што е доволно да се имунизира целото населението. Од тој аспект, се согласиле пописот да биде одложен и да се одвива од 5 до 30 септември, а апликацијата за дијаспората да остане активна дотогаш, додека локалните избори да бидат одложени за втората половина на октомври.

Околу Изборниот законик уште утре треба да се свика седница на Собранието да се усвои измената да се набават машини за отпечатоци на прстите. Мицкоски рече дека за оваа тема денеска кај претседателот на Собранието разговарале координаторите на пратеничките групи и постигнале согласност. Се разговарало и за избор на градоначалници во првиот круг, но ако некој од кандидатите освои барем 30 отсто од вкупниот број запишани гласачи. Работните групи на партиите ќе разговараат интензивно за предлогот Серверна Македонија да биде една изборна единица на идните парламентарни избори, да има отворени листи за советници на локалните избори оваа година и за усвојување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.