МИЦКОСКИ : ЧЕСТИТ НЕКА Е ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА И ПОСАКУВАМ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И УСПЕХ НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА

0
499

Почитувани,

Ќе ми дозволите најпрвин на сите православни христијани да им го честитам големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, да им посакам здравје, среќа, успех се разбира во овие тешки времиња. Но и на сите останати граѓани кои што не се од православна христијанска вероисповед исто така на нивните семејства да им посакам пред се здравје, среќа и успех бидејќи тоа во овие тешки времиња е значајно, и во овие тешки времиња тоа е важно за нашите семејства.

Истовремено и на сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа, бидејќи ова е нивен ден.