БЕЗ ДРЖАВНО ЗНАМЕ, СО МРТОВЕЧКИ КОВЧЕГ, СО НАВРЕДИ, МАВАЊА, ФРЛАЊА… ФК „ВАРДАР“ ПРАШУВА ДО ЌЕ СЕ ТОЛЕРИРА НАЦИОНАЛИСТИЧКОТО ДИВЕЕЊЕ НА „БАЛИСТИТЕ“

0
456

На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар. Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, се вели во реакцијата на ФК „Вардар“.Фудбалскиот клуб Вардар објави соопштение во кое се пожали дека на гостувањето кај Шкендија викендов во Тетово биле цел на националистички навреди, биле гаѓани со тврди предмети, а на стадионот го немало државното македонско знаме кое според пропозициите, е задолжително на секој стадион.

„На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар. Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ, е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони.

Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди, пред сè, околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но, за жал, не успеа.

Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме, пред сè, надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал.Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме макфудбалот на нормалните патеки!“, се вели во соопштението на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Вардар помина многу тензично. И додека на теренот беше видлив квалитетот на домаќините над младиот тим на гостите, на трибините борбата беше нерамноправна.„Балистите“ во текот на целиот меч ги навредуваа Вардарци и Македонците, а врв на сѐ беше кога извадија знаме на која на мртовечки ковчег беше испишано „Миравци“, како што „Балистите“ ја нарекуваат екипата на Вардар.