Еве зошто бил набркан РЕЖИМСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРДЕЖ НА ГДОМ Тони Науновски од страна на МИТ

0
4114

Тони Науноски, поранешен професор на МИТ Универзитетот и актуелен член на Комисијата за заштита од дискриминација, кој во јавноста се промовираше како политички аналитичар, ги отфрла обвинувањата од сопственичката и директорка на МИТ, Билјана Апостолова, дека е еден од иницијаторите за засилените инспекциски проверки и истражни дејства на Универзитетот бидејќи бил отпуштен поради тоа што додека своевремено во институцијата го прекршувал работниот ред и вознемирувал дел од тогашните соработници.

-Воопшто не сакам да се впуштам на толку ниско ниво на комуникација бидејќи ова за мене е незамислив јавен дискурс. Јас не сум инспектор или обвинител, ниту имам толкава општествена моќ да нарачувам истраги. Ова може да се протолкува само како обид на директорката на МИТ да го дефокусира вниманието токму од истрагата што ја водат државните институции против Универзитетот. Вистинското прашање е дали е точно дека се запишувале турски студенти на факултет што не е акредитиран и нема дозвола за работа, за што реагирала и турската амбасада во земјава – изјави за Фокус Науновски.

Инаку, во решението за престанок на работниот однос на Науноски до кое дојде Фокус се наведуваат низа причини поради кои МИТ на 14 јуни годинава му изрекол вакво решение без отказен рок, откако претходно 3 дена отсуствувал од работа без да побара дозвола. Меѓу нив се: фрапантно кршење на работниот ред, дисциплината и работните обврски, манифестирање на штетни постапки за дејноста и природата на работата што ја извршува, основани показатели за други дејствија во образовниот процес – недоличност, неморалност…

„Работникот, прекршувајќи ги сите кодекси за морално и етичко однесување како наставник, избран во наставно-научно звање согласно Законот за високо образование и согласно нормите од Договорот за работа, му нанесе непроценлива штета на МИТ, преку нарушување на угледот на Универзитетот, на наставно-научниот кадар и на студентите. Поради ваквото негово однесување, кое влијае на репутацијата на Универзитетот, во моментот и во иднина, МИТ ќе претрпи огромни штети“, стои во решението.