ЕВЕ КОЛКУ ГО ПОГРЕШИЈА ЗНАМЕТО НА АВСТРИЈА, ВЛАДАТА СЕ ИЗВИНИ

0
2087

Владата на РМ упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст

Почитувани,

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата  на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија.

Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија.

Со почит,

Сектор за односи со јавноста

Влада на Република Македонија