МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: ДОСТА СЕ ДЕЛЕВМЕ ПАРТИСКИ, ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛИМЕ САМО ПО ДВА ОСНОВА, ВРЕДНИ И МРЗЕЛИВИ, ДОБРИ И ЛОШИ ЛУЃЕ

0
1100
Почитувани,
„Доста се делевме на политички партии, мора да се делиме само по два
основа, а тоа се вредни и мрзеливи граѓани, и добри и лоши луѓе. Трето
не смее да постои во општеството“. Ова го истакна денеска
градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето
во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
Димитриевски потенцираше дека позицијата градоначалник претставува
менаџерска позиција, а општината е како да се менаџира голема компанија.
„Од политиката ние како граѓани големо фајде не видовме во овие 20, 30
години независна Македонија и затоа сметам дека мора конечно во
општеството вистинските менаџери и професионалци да добијат можност и да
ја придвижат државата и општините напред. Ме прашавте за моите политички
амбиции, да секако сум и политичар, но ќе се водам врз база на пораките
кои ќе ги примам од граѓаните. Доколку како човек сметаат дека треба да
се придвижам и да се вклучам директно во централната политика на
национално ниво тогаш ќе ја прифатам нивната порака. Што се однесува до
поранешната партија, јас секогаш отворено сум говорел на таа тема без
никакво тактизирање. Никогаш не излегов од партијата, ниту пак се
откажав од неа. Меѓутоа, за жал и тогашното раководство, а и најголем
дел од сегашното раководство анблок се откажа од мене, бидејќи тие луѓе
не сметаа дека им се потребни луѓе со сопствени ставови, убедувања и
идеи, туку им се потребни луѓе кои по принципот на чист, гол
клиентелизам покажување на лојалност према одредени авторитети се
обидуваат да се наметнат во партијата“, рече Димитриевски.
Со почит,