ЛАНСИРАЊЕТО НА НАСА РАКЕТА ПОВТОРНО ОТКАЖАНО

0
504

Американската вселенска агенција мораше да го одложи лансирањето на својата нова ракета Артемис I вторпат за една недела.

Системот за вселенско лансирање (СЛС) е најмоќната ракета некогаш развиена од НАСА, а голем дел од огромниот потисок доаѓа од согорувањето на речиси три милиони литри суперладен течен водород и кислород во четирите големи мотори на долната страна на возилото.

Но кога контролорите рано утрово испратиле команда да се наполни резервоарот за водород на ракетата, се вклучил алармот, што укажува дека има истекување.

Било откриено дека проблемот е во врската каде што водородот се впумпува во возилото. Контролорите на повеќе начини пробале да го поправат, но без успех.

Ова е втор неуспешен обид за лансирање на ракетата – претходниот не успеа во понеделникот, кога истече гориво и дојде до дефект на сензорот на моторот.

НАСА сега има уште една можност да ја лансира ракетата в понеделник или вторник. Потоа возилото ќе мора да биде вратено во монтажната зграда на преглед и одржување, што ќе значи дополнителни одложувања.

За време на петнеделните тестови на ракетата, НАСА планира да создаде услови астронаутите до 2024 година да можат да пролетаат околу Месечината, а една година подоцна да слетаат на природниот сателит на Земјата.

Последен пат луѓето биле на Месечината пред 50 години.