Селмани: На први септември ќе протестираме за ослободување на Зоран Божиновски

0
856

Во понеделник, 22 август, Управниот одбор на ЗНМ усвои одлука, на први септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се оддржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски, објави на својот фејбук профил претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

„Одлуката не ја објавивме затоа што во тек се консултации со останатите новинарски и медиумски организации, од кои бараме да го поддржат протестот! Но веќе гледам дека Геровски не повикува јавно да организираме протест, еве јавно да кажеме дека таква одлука веќе е донесена. Уште едно појаснување, повикот на Меѓународната федерација на новинарите до македонскиот државен врв за ослободување на Божиновски е на барање и во координација со ЗНМ. Неслучајно што прво ние побаравме негово ослободување, па МФН. Поддршка за Божиновски ЗНМ има побарано и од останатите меѓународни и европски организации и институции. Да не откриеме се пред време!

Ако некој мисли дека во Македонија ќе осуди новинар со затворска казна и домашната и европската јавност нема да биде запознаено, се лаже. Тоа ќе биде дежурна тема што нема да може да ја избегне било која власт! Барам од обвинителските и судските органи во случајот на Божиновски да се однесуваат професионално и да не се обидуваат преку ефтини фитни, како онаа со криење на датумот на рочиштето или праќањето на покани за рочиште на „погрешно име“, ќе не обезхрабруваат или изморат да го поддржиме новинарот Божиновски.

Ги потсетувам судиите и обвнителите дека Македонија е единствена земја во Европа после Турција, каде има новинари во затвор! Македонските судови имаат обврска да ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стрзбург, кој казната затвор за новинар ја смета за неоправдана освен ако станува збор за дела поврзани со тероризам или говор на омраза. Божиновски не е обвинет ни за тероризам, ниту за говор на омраза! Затоа нема никаква причина тој да биде уште во притвор“, напиша Селмани.