МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА : ТИ СИ БЕСМРТНА, ЖИВА ВОДА ПОДЗЕМНА, КАЈ ШТО ТОНЕШ ТИ ИЗВИРАШ

0
170

Денеска и официјално почна изборната кампања за избор на претседател на Македонија, при што ВМРО-ДПМНЕ ја започна со голем митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада каде што свое обраќање до присутните и до целата македонска јавност имаше претседателот, Христијан Мицкоски.

Тој испрати пораки до повеќе засегнати категории на граѓани, како до најмлади, земјоделците, докторите и така натаму, но исто така имаше и силна и моќна порака до Македонија, цитирајќи делови од култната македонска песна „Заветна“.

„Порака до Македонија . . .

Негде ќе те премолчат негде ќе те сокријат, гроб со гроба ќе покријат, само ти си бесмртна жива вода подземна, кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни заедно ќе минеме, древна земјо македонска, така е пишано ништо да не бидеме, ти без мене јас без тебе. . .

Може да те одречат други да те предадат, можат сешто да измислат, само ти си бесмртна, жива вода подземна, кај што тонеш ти, Македонијо, извираш“, порача Мицкоски.