СДСМ : МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА СКАНДАЛОТ СО ЛАЖНИТЕ АНКЕТИ НА МТВ НАРАЧАНИ ОД ШТАБОТ ВМРО-ДПМНЕ

0
129

За скандалот со лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ а нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ мора да има одговорност.

Постојан основани сомневања  за бројни злоупотреби кои треба да ги истражат надлежни институции.

Разтокриена е цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, по насока на Извршниот комитет на партијата на седница одржана на 05.12.2023 година.

Шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, за пласирање лажни вести, но и други активности.

Во подрумите на Белата палата се договарале емисии за анализирање на анкети од ИПИС, се дефинирал составот на гостите на емисијата со 3 опозициски аналитичари дури имало и одговорен за ширење лажни вести преку т.н. „дувла“.

За градоначалниците од ДПМНЕ предвидена е „обврска“ кон Владимир Божиновски.

Ова е голем скандал кој освен злоупотребите покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните, дека во ДПМНЕ се уплашени и уште еднаш потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти, се истите методи на  Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски.