Тасева: Сега е време да продолжи кривичната постапка против Ставрески

0
1154

Во овие нови околности треба да продолжи постапката по кривичната пријава за министерот за финансии Зоран Ставрески, изјави за порталот Фактор, Слаѓана Тасева.

taseva11

– Очигледно е дека Ставрески е загрижен за пријавата затоа што Уставен суд го укина правилникот на министерот, и тој има единствена одговорност за неговото носење. Очигледно е влијанието на политиката над Јавното обвинителство, а самиот јавен обвинител сторил кривично дело со отфрлање на оваа кривична пријава – додава таа за Фактор.

Тасева во октомври 2011 година поднела кривична пријава против Ставрески за распределба на 1,3 милиони евра од државниот Буџет за финансирање политички партии. Истиот ден Ставрески и поднел контра кривична пријава за „лажна пријава“.