САМО ЗА НАУМ СТОИЛКОВСКИ ОД КОАЛИЦИЈАТА ЛЕПЛИВИ ПРСТИ, ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ГЛАСАЊЕТО ЗА БУЏЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

0
435

Реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Само за Наум Стоилковски од коалицијата лепливи прсти, ексклузивно видео од гласањето за Буџетот на Град Скопје

Ги замолуваме во ВМРО-ДПМНЕ да не му прават опструкции на Наум Стоилковски, да не го држат во информативен мрак и потоа и јавно да го срамотат.

Зошто до толку некој го мести Стоилковски во ВМРО-ДПМНЕ не навлегуваме, но барем нека му кажат дека советниците од неговата партија во Град Скопје гласаа ЗА буџетот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска

Еве почитуван Наум, да не бидете во информативен мрак, погледнете го видеото од гласањето.

Таму лежат одговорите, тоа е коалицијата ДПМНЕ-Левица-Данела.

Погледнете Стоилковски како функционира коалицијата Мицкоски-Данела-Апасиев во Скопје.

Портпарол на парламентарна политичка партија е важна функција кој треба да има поддршка од партиските сектори и органи, но очигледно тоа не е случај и со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.