ГРАД СКОПЈЕ : СКОПЈЕ НЕ Е НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА МАКЕДОНИЈА, СПОРЕД ,,WAQI” МОНИТОРИНГ СЕРВИСОТ НАЈЗАГАДЕНИ СЕ КОЧАНИ, СТРУМИЦА, ГЕВГЕЛИЈА, КАВАДАРЦИ И ТЕТОВО

0
316

Почитувани претставници на медиумите,

Потребата од лажење е својствена само на луѓе кои немаат ништо конструктивно да кажат, па својот авторитет мораат да го градат врз пласирање невистини за другите. Неразбирлива е потребата, а уште почудна замислата на нарачателите на лажни вести во 21. век,. Во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого – да го убедувате дека тоа што го гледа не е така,

Имено, неразбирлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите поголеми градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот.

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кочани, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Тетово.

Апелираме до медиуимите, да не потпаѓаат на лажните вести и нечесните политички агенди на ВМРО-ДПМНЕ, туку барем по три пати да ја проверуваат точноста на информациите кои доаѓаат од оваа партиска кујна.

Градот Скопје во последните две години засади 1.400.000 садници, додели субвенции за набавка на инвертер клими за граѓаните на градот Скопје, изгради три нови мега-паркови во Ѓорче Петров, Аеродром и Чаир, а два се во реализација во Сарај и Карпош, исчистивме 250 диви депонии кои за жал токму градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги формираат со истурање на нивниот смет и градежен шут што веќе се утврдени и доставени налози за глоба.

Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/