ЖАРЕ СТЕВАНОСКИ : ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ!!!

0
1391

Одамна беше времето кога личните амбиции на поединци ни изгледаа смешни поради нивната докажана некадарност. Нивните болни амбиции ги темелеа единствено на годините поминати во партиско чмаење, безидејност и страв од партиски активизам во опозиција и поради тоа беа наградени со остварување на нивните желби.

Откако таквите се позиционираа на функции, се тешевме со изговорот дека некој горе не знае што прави, дека не е доволно запознат со состојбите, дека погрешно го информираат, и дека затоа ги прави “грешките” во кадровската политика, вакви невозможни.

Години потоа околу “таквите” се накотија и позиционираа токму такви како нив, нестручни и некадарни. Ним единствената улога им беше да знаат како да ги селектираат луѓето за отстрел, кои не живеат во нивната матрица на лигав полжав и на таков начин да се заштитат себеси, од кадарни, работливи и стручни кадри на кои со секој изминат ден се полесно им беше да се откажат од натпревар во будалаштини. Затоа со тек на време станавме вакви безнадежни, обесхрабрени и аполитични.

Јас во животот можам да си простам се, освен чувството дека сум дозволил некој да ме избрка од сопствениот град, од државата и дека треба да заминам затоа што купот на гласни партиски полтрони е поголем од армијата на толерантни и мирни луѓе кои тука живеат.

Затоа, ова ќе го кажам сега, јасно и гласно, доволно едноставно за да може да ме разбере и најнискиот ешалон на партиски поттрчковци.

Терајте си ја вашата бедна кампања како ви душа сака, тоа и нам ни одговара за да се раздвоиме еднаш за секогаш и да се видиме кој од нас за што се бори. Во спротивно ќе дознаете што значи беда, црнила и пораз, на според нас многу полесниот начин.

Граѓаните овој пат сами ќе одлучат дали ќе изберат иднина за своите деца, во која нема да бидат принудени да потплатат и молат некој си беден локален шериф за едно заслужено вработување, решавање на некој административен проблем или да зависат од партиската наклонетост на еден или друг партиски табор.

#МногуПоминаМалкуОстана

Фејсбук статус на Жаре Стеваноски, кандидат за градоначалник на независната граѓанска иницијатива ,,ЧЕ ВРЕДИ” .