ДНОООО: По реакцијата на копитото Груевски, „Гардијан“ го смени насловот

0
1199

По реакцијата на премиерот Никола Груевски на интервјуто во „Гардијан“, британскиот весник го смени насловот. Првичниот наслов „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24-годишниот проблем со Грција“, е заменет со „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“.

По денешното објавување на оваа вест, веднаш реагираше премиерот Никола Груевски, кој рече дека такво нешто не изјавил.

„Такво нешто не сум изјавил. Ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Се гледа и од самиот текст дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов, точно како што претпоставувавме, и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многуммина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда, се очекувани“, стои во псимената изјава на Груевски.

gardija-gruevski_0-300x263