ЈАКИМОВСКИ : СЛЕДУВА ПЕРИОД СО МНОГУ ИНВЕСТИЦИИ, ПРОЕКТИ И РЕКОНСТРУКЦИИ ВО КАРПОШ

0
493

✅По консолидацијата на буџетот на општина Карпош, најавувам за наредна година повторно нови проекти.
✅Ќе го зголемиме бројот и количината на средствата за реконструкција на лифтови, за реконструкција на кровови.
✅Нарачани 20 проекти дел од нив се стигнати, за реконструкција на улици, и тоа, Козле 12, Козле 14, Козле 16, Козле 20,сето ова се улици во Нерези.
✅Ќе пробиваме дел од ул.Влае, кај Тутунскиот комбинат. Атмосферска канализација и реконструкција на паркинзи
на ул.Јуриј Гагарин позади Канцона, како и реконструкција на истата улица.
✅Изградба на улица Скупи 3, Скупи 20.
Козле 3, тоа е во Нерези, и водоводна мрежа и ќе се стави нов асфалт, како и крак од ул.Теодосиј Синаитски, во Жданец, покрај изградба на водовод и асфалтирање, и правење на потпорен ѕид во тој дел.
✅Проект за реконструкција на ул.Загребска, која водикон Детската болница Козле, како и изградба на потпорен ѕид.
✅Ул.Козле 10, таа веќе ја градиме, ул.Козле 9. Крак од ул.Бањалучка во Тафталиџе 2,како и крак, односно паркинг на ул.Његошева во Тафталиџе.
✅Во исто време подготвуваме повеќе проекти за изградба на ново проектирани улици во населбата Бардовци.
✅Изработени се проекти за реконструкција на фасади, на 9 фасади, и тоа сите на ул.Теодосиј Гологанов и на ул.Јуриј Гагарин, сакаме комплетно да завршиме со ул.Теодосиј Гологанов, како и на ул.Борка Талевски бр.16, во населбата Владо Тасевски и потоа да се префрламе на ул.Партизанска. Сакаме за овој мандат сите згради на ул.Партизанска, да бидат реконструирани.
Нормално, и во делот на населбите ќе работиме.
✅Сакам да им ставам до знаење на граѓаните дека во наредниве 2 месеци ќе имаме средби со граѓаните по месните заедници и така заеднички ќе ја подобруваме програмата за наредната година.
Се она што можеме да направиме, ќе го направиме во договор заедно со граѓаните.