ШОКАНТНО: Диме Спасов избегал на сред полициски увид и тоа пешки по што се криел до 4 часот ноќта, девојката била запрепастена што ја оставил сама!

0
2360

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов избегал од местото на сообраќајката во скопската населба Тафталиџе додека траел увидот на полицијата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР.

Тој со џип, што според првичните сознанија е сопственост на Агенцијата за вработување ноќеска околу полноќ удрил две паркирани возила. Кога дошла полицијата на увид таму имало и многу очевидци. Додела увидната екипа земала изјави од сведоците, во близина дошло друго возило, Спасов ги напуштил полицајците и си заминал со тоа возило. Од бегството на функционерот изненадедна била и девојката што била со Спасов во џипот. Таа на полицајците им го потврдила идентитетот на возачот.

Полицијата го барала возачот до 4.30 часот сабајлево кога Спасов се јавил и рекол дека ќе дојде во полиција да даде изјава за настанот.

Утринава Диме Спасов на Фејсбук профил најави тужби за медиумите што објавиле за сообраќајката во скопската населба.