ГРОЗНАТА МАНИПУЛАЦИЈА НА МИЛЕНКО КОН СЕМЕЈСТВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ!

0
1040

Веќе во неколку свои емисии на интернет, познатиот радикален десничарски нациоалистички и популистички новинар Миленко Неделковски се обидува да ги манипулира семејствата на уапсените протагонисти за 27-ми април, кои во неколку судски процеси добија кумулативно над 200 години робија а допрва се чека финишот за организаторите на настаните од 27-ми април каде исто така се очекува уште 50 до 100 години робија за сите обвинети.

Имено, Миленко вината за тој исход или епилог ја фрла целосно на судиката Кацарска, таа била виновна што неколкуте десетици учесници во 27-ми април се затворени по зандани и не може да ги видат своите семејства.

Значи ова е голема манипулација и се канализира целиот гнев на блиските на осудените кон погрешен човек, судиката Кацарска не е виновна што некој организирал и учествувал во колеж и претепување и обид за убиство на пратеници. Вината е во самите организатори и учесници а не во тој што тоа потоа според законите го утврдил и казнил со соодветни казни.

Тоа е како да кажеш дека ако некој некого убие, и потоа добие доживотен затвор, да се обвини судијата што семејството нема доживотно да го види дома таткото или мајката убиец, тоа е тотална манипулација и измама…