ЈУТУБЕРОТ, ЛИДЕР НА ПАРТИЈАТА ДЕСНА И ВЛАДИКА НА МПЦ ОД АЛИ ЕКСПРЕС, ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ Е ФАТЕН СО ПИШТОЛ БЕЗ ДОЗВОЛА, СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ФРЛИ ОД ПРОЗОР – БАРАЛЕ ЗЛАТО НОЌЕ НИЗ ДЕМИР КАПИЈА

0
1354

Палевски се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење, донзава Вечер.мк.

Љупчо Палевски, поранешен функционер на СДСМ, минатиот петок бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија – Јаворица заедно со уште три други лица кои бараат злато, дознава Вечер.мк.
Палевски се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.

„На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола“, се наведува во билтенот на МВР.

Инаку Љупчо Палески е многу интересен лик. Во моментов е актуелен со тоа што собира потписи на декларации за спас на МПЦ од Грците?!?! Пред тоа направи нова партија Десна. Пред тоа пак беше уапсен во Србија поради некакви долгови кон фирма од Хрватска и помина една година во затвор во Србија. Пред тоа пак во времето на Бранко беше голем медиски газда и градежник, градеше стамбени згради со сомнителни градежни маркици, он ја изгради славната зграда ТИФАНИ во центарорт на градот до зградата на македонска пошта, и финансираше телевизии и неделници кои го величеа СДСМ во кои пишуваше Мирка Велиновска и слични тогашни режимски новинарски пера.