ОО СДСМ БИТОЛА – НАУМОВСКА : ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД СОКРИЛ СООБРАЌАЈКА И ПЛАТИЛ НА КАСКО ОСИГУРЕНО ВОЗИЛО?

0
473

Прес конференција на Жаклина Наумовска, советничка во Советот на Општина Битола.

По којзнае кој пат ДПМНЕ и градоначалникот Коњановски под плаштот на лицемерието избегнуваат да дадат одговори за наводните злоупотреби на работните позиции на нивните функционери. Сите сомнежи за незаконското работење јавноста мора да ги знае.

Затоа ве прашуваме и го повикуваме директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски да одговори:

Дали во април годинава го оштетил службеното возило на претпријатието во сообракајна незгода?

Дали е точно дека  директорот Пеце Милевски не повикал полиција на местото на сообраќајната незгода и го криел возилото неколку дена во приватна гаража, па го однел на поправка?

Дали и зошто после оваа случка Пеце Милевски ја променил регистарската табличка на возилото и дали тоа било причината  да го заташка случајот?

Ова е почитувани сограѓани фактурата која од загрижени граѓани пристигна во ОО СДСМ Битола. На неа видливо се гледа извршена поправка и промена на делови  на возило во сопственост на ЈП Водовод, со што директорот ова ЈП, го изложил на дополнителен трошок за да го поправи возилото после сообраќајната незгода во април годинава иако возилото било каско осигурено.

Затоа уште еднаш го повикуваме градоначалникот Тони Коњановски при најавената ревизија за незаконското патување на директорот на ЈП Водовод во Грција да ги земе во предвид и овие дејанија на  нивниот директор и партиски лидер на ОК на ДПМНЕ во Битола!

Или  пак во нивниот добро познат стил ке ја спрегнат  ФБ “војската” и со истиот, добро познат на битолчани жаргон на  навреди и невистини ќе го избегнат вистинскиот одговор кој иитолчани го заслужуваат.

За жал, ова е почитувани граѓани реалноста за Битола.