ШВЕДСКАТА ВЛАДА ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА КУРАНОТ

0
571

Шведската влада го осуди палењето на Куранот пред главната џамија во Стокхолм, нарекувајќи го „исламофобичен“ чин, откако меѓународната исламска организација повика на мерки за да се избегне идно сквернавење на муслиманската света книга.

„Шведската влада целосно разбира дека исламофобичните дела извршени од поединци на протестите во Шведска можат да бидат навредливи за муслиманите“, се наведува во соопштението на шведското Министерство за надворешни работи.

„Силно ги осудуваме овие дејствија, кои на ниту еден начин не ги одразуваат ставовите на шведската влада“, се додава во соопштението.