СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРИЗНАТА СОСТОЈБА ЗА УШТЕ 6 МЕСЕЦИ

0
171

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја одржа 17-та седница на која беше донесена одлука за продолжување на кризната состојба во земјава. Комисијата ја проследи одлуката до Собранието кое што утре ќе одржи пленарна седница.

Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието е до 30 јуни 2021 година. Сега таа се продолжува за наредни 6 месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година.

Претседателот на Комисијата, Миле Талески изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.