МИЦКОСКИ : ПЕНДАРОВСКИ ЈАВНО ДА КАЖЕ ДАЛИ НЕМА ДА ГО БОЈКОТИРА ВТОРИОТ КРУГ, ОТКАКО ЌЕ ИЗГУБИ ВО ПРВИОТ

0
177

„Стево Пендаровски освен тоа што цел мандат го помина како аналитичар без свое ја, а не претседател и личност со интегритет, ќе загуби катастрофално. Толку силно што во вториот круг нема да му се оди на избори. Овој Стево кој што ја прифати улогата на губитник, во неговото опкружување најмногу се плашеле од тоа како ќе го смират после првиот круг и како ќе го натераат да ја приврши кампањата до крај“. Истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот голем митинг во Скопје.

Мицкоски упати прашање до Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски да кажат дали нема да го бојкотираат вториот круг на претседателски избори откако Пендаровски ќе изгуби во првиот круг.

„Па од тука сакам да упатам јавно прашање до Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски доколку разликата во првиот круг помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и поразениот Стево Пендаровски биде со шест цифри,  дали тогаш Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски ќе излезете и докрај ќе се борите за да изгубите целосно во вториот круг на претседателските избори или кукавички ќе бојкотирате“, праша Мицкоски.

Тој додаде дека граѓаните во изминативе години видоа СДСМ и ДУИ на што се спремни и подготвени на секакви сценарија кога знаат дека ќе загубат.