ОДЛИЧНА ВЕСТ: СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ СПРЕМАТ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ПАТУВАЊЕ МЕЃУ ЗЕМЈАВА И ГРЦИЈА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ ОД АТИНА

0
1098

Филипче во Атина разговарал со грчкиот министер за здравство Василис Кикилиас за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот. (Фејсбук страна на Венко Филипче)

Следната недела ќе се подготоват предлог-протоколите за да се олесни и забрза транзитот на патниците помеѓу Северна Македонија и Грција, кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани, велат од македонското Министерство за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче во Атина разговарал со грчкиот министер за здравство Василис Кикилиас за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот, како и предизвиците со кои се соочуваат двете земји за време на пандемијата. Повод за средбата, како што вели Филипче, беше најавата за отворање на границите во Европа и регионот, за што е потребно да се подготват усогласени протоколи за патување во регионот.

„Двајцата се согласивме дека е потребно да се обезбеди брз проток на границите кои се исклучително оптоварени во текот на летото и да се обезбеди лесен пристап до здравствени услуги на граѓаните доколку евентуално се случи да бидат заболени од коронавирусот во текот на престојот во Грција и Северна Македонија“, вели министерот Филипче.