ПАЛАТАТА НА ПАРТИЈАТА СО 65 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖЕН ИМОТ ОТИДЕ КУКУРУЗ : ОБВИНИТЕЛОТ ВО ,,ТАЛИР 2″ ПРЕДЛОЖИ СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ ОДЗЕМЕ

0
1215

Никола Груевски и Кирил Божиновски обвинети во случајот „Талир 2“, да бидат прогласени за виновни, додедека седиштето на политичката ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителот Љубомир Лапе во завршните за овој предмет.

Според обвинителот Лапе, обвинетите Груевски и Божиновски политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја третирале како било кој трговски субјект.

-Така, обвинетите пристапиле кон преземање низа дејствија сето во насока да политичката партија противправно се стекне со имот – ново партиско седиште и со противправна имотна корист – финансиски средства, а спротивно на законските ограничувања, изјави Лапе.

Според исказите од сведоците и изведените докази, обвинителот Лапе, рече дека Груевски и Божиновски, биле тие кои ја дефинирале содржината на јавниот оглас, а не партиските органи.

-За обврските содржани во јавниот оглас, видно од одлуката за објавување јавен повик за доставување понуди за соинвеститорство на ИК, верификувана од ЦК, органите на партијата не дискутирале. Самите одлуки на ИК и ЦК доведени во корелација со содржината на објавениот јавен оглас всушност ги потврдуваат индициите од незаконски следените разговори дека токму обвинетите Груевски и Божиновски биле тие кои ја дефинирале содржината на јавниот оглас, а со тоа и условите и обврските за понудувачите содржани во истиот, изјави Лапе.

Со објавата на јавниот оглас од страна на обвинетите Груевски и Божиновски, обвинителот Лапе, потенцираше дека е оставен простор за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и стекнување на сопственост на имот, кој согласно закон политичката партија не ни можела да го стекне.

-На 4.10.2012 година И.К. на ВМРО-ДПМНЕ носи решение за овластување, со кое го овластува обвинетиот Кирил Божиновски, Генерален секретар на партијата, да го потпише договорот за соинвеститорство со Д.Г. Бетон А.Д. Скопје, како најповолен понудувач на јавниот повик. Ваквото решение е потпишано од обвинетиот Никола Груевски, рече Лапе.

Од исказите на проектантите, обвинителот Лапе, рече дека првично проектирале објект на четири ката, а потоа следела промена и во висината и во ширината, како и во намената.