ГРЦИЈА ГИ УКИНА ЛЕТОВИТЕ НА QUATAR AIRWAYS ПО 12 ПОЗИТИВНИ ПАТНИЦИ НА КОВИД-19 ДО СРЕДИНА НА ЈУНИ

0
813

Грчките власти денес сооопштија дека ги укинуваат летовите на авиокомпанијата Катар Ервејс до средината на Јуни, откако по тестирани 91 патници откриени се 12 позитивни на вирусот Ковид-19.

Од 12-те позитивни патници на Катар Ервејс девет биле по националност од Пакистан кои водат потекло од градот Гујрат со дозвола за престој во земјата (Грција), двајца патници се грчки државјани кои патувале од Австралија и еден е со јапонско државјаноство, изјави Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

Сите патници од летот Доха – Атина биле тестирани на еродромот и ставени во карантин во хотели низ земјата додека го чекаат нивниот резултат од тестирањето според протоколот на грчките здравствени власти.

Оние кои што се позитивни на вирусот Ковид-19 остануваат во карантин по хотели на две недели додека оние кои се негативни ќе мора да останат седум дена според протоколот на грчките здравствени власти.