КАКО МИЦКОСКИ И БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ГО ПОЗЛАТИЈА ,,ПУЦКО ПЕТРОЛ” НА ИСМАХИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ СО БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ПРЕКУ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП

0
599

Во текот на ова лето лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета во Општина Прилеп и изврши увид на работите на локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, каде секако не пропушти прилика да се обиде да поентира да го нападне СДСМ и коалицијата.

Во својот газиместански говор Мицкоски во медиумите често најавува дека оваа влада е корумпирана и дека таа што поскоро треба да си отиде на предвремени или редовни избори наредната 2024 година но исто така да не заборавиме и дека често пати ја критикува и ДУИ поради како што изјавува нејзиното криминално минато бидејќи се 20 години на власт.

Она што е интересно во конкретниот случај се зделките направени помеѓу поголем број на основно и средно образовни установи во Општина Прилеп на чело со градоначалникот Борче Јовчески и неговите „чесни“ кадри и фирмата ,,ПУЦКО ПЕТРОЛ” фирмата на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, татко на Асмир Јахоски кој во моментов управува со фирмата.

Според податоците јавно објавени на државниот портал „Отворени финансии“ кој има за цел да и овозможи на јавноста увид во податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Северна Македонија https://open.finance.gov.mk/ од месец октомври 2021 година до месец јули 2023 година Општина Прилеп заедно со поголем број на основно и средно образовни институции склучиле договор со ,,ПУЦКО ПЕТРОЛ” во вкупна вредност од нешто повеќе од 800.000 евра.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ОПШТИНА ПРИЛЕП, прв склучен договор на 20.12.2021, последен на 11.05.2023, градоначалник Борче Јовчески.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ “РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 21.12.2021, последен на 13.03.2023, директор Цветанка Ѓорѓиоска.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ООУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 27.10.2021, последен на 11.11.2022, директор Мартина Пројческа.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ООУ “ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 27.12.2021, последен на 12.04.2023, директор Панде Магдеска Николоска.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ООУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 03.03.2022, последен на 11.04.2023, директор Снежана Котева.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ООУ “КИРЕ ГАВРИЛОСКИ ЈАНЕ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 14.02.2022, последен на 23.02.2023, директор Влатко Кузманоски.

     

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ООУ “КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 09.11.2021, последен на 14.03.2023, директор Ахил Јаков.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ООУ “КОЧО РАЦИН” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 30.12.2021, последен на 03.04.2023, директор Јулијана Тренкоска.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И ООУ “РАМПО ЛЕВКАТА” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 14.06.2022, последен на 16.05.2023, директор Жарко Бабаноски.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И СОУ ГИМНАЗИЈА “МИРЧЕ АЦЕВ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 27.12.2021, последен на 26.02.2022, директор Весна Михаиловска.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И СОУ “ЃОРЧЕ ПЕТРОВ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 23.12.2021, последен на 18.04.2023, директор Страшо Ѓорѓиески.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И СЕОПТУ “КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 30.12.2021, последен на 19.05.2023, директор Цеце Видова Трајческа.

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ С.ПЛАСНИЦА,ПЛАСНИЦА И СОУ “ОРДЕ ЧОПЕЛА” ПРИЛЕП, прв склучен договор на 29.12.2021, последен на 30.06.2023, директор Тереза Златеска.