СПАСОВСКИ : СО ЗАДОВОЛСТВО СЕ ОДЗВАВ НА ПОКАНАТА НА НЕГОТИНЦИ ДА ГО ПОСЕТАМ ПОЗНАТИОТ „НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР”, ЕДНОВЕКОВНА ТРАДИЦИЈА НА ОВОЈ ГРАД ЗА ВРЕМЕ НА ГРОЗДОБЕРОТ ВО ТИКВЕШИЈАТА

0
470

Со задоволство се одзвав на поканата на неготинци да го посетам познатиот „Неготински панаѓур”, едновековна традиција на овој град за време на гроздоберот во Тиквешијата, а во чест на верскиот празник Мала Богородица.

Оваа тридневна манифестација, со најдолга традиција во Македонија, привлекува голем број гости и посетители од сите краишта на државата, трговци кои ги промовираат своите производи, карактеристични за поднебјето.

На овој ден се дава предност на доброто расположение, радоста на живеењето и другарувањето – нека е за многу години!
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.