МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ: ЛОШО ГО РАЗБРАА НОВИНАРИТЕ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ, НЕМА НОВИ 200 МИЛИОНИ ЗА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД, ТОА СЕ СТАРИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ 200 МИЛИОНИ КОИ ГИ ДОГОВОРИВМЕ ВО 2018-ТА СО СИНОХИДРО

0
859

– Нема да има потреба од нови 200 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид, станува збор за старите веќе договорени дополнителни околу 200 милиони евра договорени со изведувачот Синохиро уште во 2018-та за што имаме потпишано анекс. Во собрание ќе се оди со анекс само за одложување на рокот на изградба нема да се бараат нови пари од буџетот.

Ова во кратка изјава ни го соопштија извори од кабинетот на министерот за транспорт Благој Бочварски по вчерашното интервју на тв 21 од кое некои новинари и опозицијата излезе со реаквии