СОРАБОТКА СО МАКСТИЛ ВО ЗДРАВСТВОТО, ФИЛИПЧЕ: ЗАПОЧУВА РЕНОВИРАЊЕТО НА ОДДЕЛОТ ЗА ОНКОЛОГИЈА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

0
719

Меморандум за реновирање на одделот за онкологија на Клиниката за детски болести потпишаа денеска генералниот директор на Макстил, Иван Бановски и директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова. Со потпишувањето на меморандумот почнуваат активностите за комплетно реновирање на одделот.

По повод потпишувањето на меморандумот, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Макстил е општествено одговорна компанија и знае што значи да се инвестира во здравствениот систем.

“Денеска одбележавме континуитет во оваа наша соработка кој почна со донација и на лична заштитна опрема и се’ што беше потребно за Инфективната клиника, донација за целосно опремување и реконструкција на единствената детска соба на Клиниката за неврохирургија. Минатата година целосно беше реконструирано одделението за неонатологија на Клиниката за детски болести, а ова денеска е еден многу значаен проект кој наскоро ќе почнат да го реализираат” – рече Филипче и изрази благодарност.

Се реконструира единствениот оддел за детска онкологија, каде се лекуваат најтешко заболените дечиња од малигни болести.