СТРУМИЦА ИЗБРАНА ЗА ОРГАНИЗАТОР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2021 ГОДИНА

0
732

Општината Струмица годинава ќе биде организатор на манифестацијата “Град на културата”, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот беа пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар.

“По разгледувањето на петте пристигнати апликации, согласно приоритетите, критериумите и мерилата содржани во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека сите пријави имаат солидно конципирана програмска содржина и внимателно дефиниран буџет и предложи, со богатата и разновидна програма и со буџетот проектиран со висок процент на самофинансирање, Струмица да биде општинaта – годинашен организатор на оваа значајна манифестација” – информираат од Министерството за култура.

По тој повод денеска министерката за култура Ирена Стефоска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски потпишаа договор за финанисирање на манифестацијата “Град на културата”.