СДСМ: Цветков призна и злоупотреба на пари од меѓународни институции

0
964

Соопштение од СДСМ:

„Михаил Цветков се призна – ги призна сите индиции на ревизорот за злоупотреби преку софтвери. Надлежните институции што досега молчат, имаат чист терен веднаш да преземат мерки на одговорност против министрерот за земјоделство и соработниците од Платежната агенција.

Софтверот од 778.000 евра не бил сметководствено евидентиран, како што откри ревизорот!

Ниту еден софтвер не функционира, за коишто се потрошени стотици илјади пари на граѓаните, како што откри ревизорот.

Тоа значи потврда дека се вршени исплати на лица за кои нема решенија за субвенции, или обратно, дека нека контроли на терен по исплатите, не работи софтверот преку којшто треба да се дефинира пазарната цена на земјоделските производи, ниту софтвер за следење на наплатата за закуп на земјиште поради што не се евидентирани голем дел од склучените договори за земјоделско земјиште.

Цветков дури призна и дека ќе влечел уште народни пари за надградба на нефункционалните софтвери, освен што ќе купува нови.

Цветков дури призна и злоупотреба на пари од меѓународни институции, коишто финансирале софтвери, но нив ги нема.

Очигледно збунет, министерот Цветков мудрува дека ова биле современи времиња на софтвери, а самиот ревизор во извештајот констатира дека поради нефункционалните софтвери, директни плаќања во земјоделство се вршеле преку „Ексел“ апликација, не преку софтвер!

Цветков е зрел за одговорност. Пред институциите ќе треба само да дообјасни дали софтверите од кои што немаат корист граѓаните, му биле за бизниси со лица и фирми блиски до фамилијата и секако кои се тие!“