СДСМ: Груевски, Ристовски и Димитриев се фатени во лага, МОН да објасни зошто училиштето во Хром не е пуштено на 1 септември

0
1141

Соопштение на СДСМ:

По сите скандали кои го одбележаа почетокот на учебната година, Министерството за образование и наука зборува за бесрамност.

Нема клупи и столчиња за сите ученици, нема доволно простории во сите училишта, нема учебници за сите ученици, а тие што ги има се распарталени. Родителите на својот џеб ги чувстуваат огромните трошоци, кога со плата помала од 10.000 денари треба да обезбедат 9.000 денари по ученик.

Лагите и розевите приказни на Груевски и неговите послушници функционираат само во рекламните кампањи и на скапо платените медиуми. Така е и со ветувањата за училиштето во Хром.

Ние укажавме на лажните ветувања на Груевски, Ристовски и Димитриев. Во различни изјави различно ветуваа, најпрво дека училиштето ќе биде готово до март, па до јули, па до први септември

Факт е дека Груевски на 07.09.2015 година на „Координативен состанок во Владата“ излажа дека „подрачното училиште на „Димитрија Поп Георгиев Беровски“ се завршува до март…“.

Факт е дека Спиро Ристовски излажа дека се е подготвено за новата учебна година, а новото училиште во Хром не е отворено.

Факт е дека МОН во јуни 2016 објави дезинформација дека училишниот објект „треба да биде готов кон крајот на јули“, а Ристовски истакна дека во ова училиште „од септември ќе учат ученици до петто одделение“.

Факт е дека премиерот Емил Димитриев на 14 јуни испрати порака дека очекува „до крајот на месец Јули да се завршат сите предвидени градежни активности на ова ново училиште“.

Бараме од МОН да престане да ја манипулира јавноста и да им објасни на граѓаните на ХРОМ зошто ветеното училиште не е навреме пуштено во употреба на први септември, и покрај ветувањата на Груевски, Ристовски и Димитриев?