Работата го краси човекот, а сработеното Струмица.
Еден од нашите приоритети е чиста Општина и континуирано работиме на тоа.
Општина Струмица преку Одделението за ЛЕР набави ново специјализирано возило за собирање смет кое денеска му го предадовме на ЈПКД „Комуналец“ и заедно се радувавме на подновениот возен парк кој ќе придонесе и за поголема чистота.
Вредноста на возилото е 6.500.000 денари, а набавено е од Бирото за регионален развој.
Од срце за Струмица
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.