УСПЕХ НА СПАСОВСКИ: РАЗБИЕНА Е ГРУПАТА КОЈА ШТО ПРОДАВАЛА ПАСОШИ НА СТРАНЦИ СО ТУЃ ИДЕНТИТЕТ

0
812

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција информираше дека е сузбиена група која издавала македонски пасоши на странци со туѓ идентитет, на државјани на Северна Македонија кои не поседувале биометриски документи. Во групата биле вклучени лица кои работеле во управните служби во полицијата.

215 лица, од кои 214 странци и еден македонски државјанин на овој начин успеале да се стекнат со туѓ идентитет. Поддршка било и лице посредник. Станува збор за лица кои се членови на наркокартели за кои има меѓународна потерница, односно за лица со висок ризик.

„Ќе биде поднесена кривична пријава до 10 лица, од кои 9 се приведени. Тие утре ќе бидат предадени на надлежниот суд“, рече Спасовски. Тој кажа дека имале обид за саботажа, но тоа не успеало. Вели дека е недозволиво застанувањето против правдата и дека имало лажни вести. За ова посочи кон ВМРО-ДПМНЕ.

“За ваквите обиди за саботажа на акцијата, очекувам да се произнесе јавното обвинителство” – изјави Спасовски.