(ВИДЕО) Блажески: Популистички затворавте судии со акции како Јустиција, а секојдневно ви застаруваат даночни решенија

0
957

Во Советот на општина Охрид имаше бурна расправа која се однесуваше на Буџетот за 2016 година. Опозицијата изнесе бројни забелешки за програмите како и за средствата кои се однесуваат за нивна реализација. Опозицискиот советник, Дејан Блажески, постави низа прашања до претставниците од локалната самоуправа и јавните претпријатија, на кои не доби одговори.

“Јас не знам зошто воопшто поднесуваме амандмани, кога немате слух за потребите на граѓаните и време е да престанеме да се лажеме. Изговор не смеат да ви бидат долговите од минатото затоа што минатата година продадовте околу 300.000 илјади метри квадратни државно земјиште за по едно евро, повеќето на атрактивни локации. Заради тоа, минатата година со раскрчмување на имотот од граѓаните инкасиравте 53.000 милиони денари, и затоа оваа година проектирате само 3 милиони денари. Овие квадрати државно земјиште ако ги продадевте само за по сто евра од метар квадратен, ќе излезевме од оваа катастрофална состојба.

Меѓудругото, потфрлањето кај приходите е повеќе од евидетно,поразително пред се` заради селективноста. Имено, ако се има предвид дека некои решенија за даноци и комунални такси ги чувате во фиоки, а токму вие бевте оние кои политички апсевте судии за ненавремено судење за прекршочни предмети.Само ќе ве потсетам на вашата акција таканаречена “Јустиција”. Од оваа говорница ви кажувам дека секоја година во општина Охрид застаруваат решенија за даноци и комунални такси во вредност од околу милион евра“, истакна Блажески.