КОСТАДИНОВ : ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА ВО ПОЛН УСПЕШНО И ПРКОСИ НА КРИЗАТА И НЕ СЕ ПРЕДАВА, ВО ПОЛН ЕК РАБОТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

0
477
Успешно и пркосиме на кризата и не се предаваме, затоа што знаеме и можеме да работиме и во вакви услови.

Градежната офанзива во Струмица е во полн ек. Со полна пареа се работи на повеќе локации во градот и населените места.

Денеска со моите соработници и членови на Советот, бевме на улицата „Атанас Јанев“ кај новата градинка, каде што започна асфалтирањето на оваа комплетно нова изведена улица која со паркинг просторот опфаќа површина од 1.500 метри квадратни.

Оваа улица, ќе овозможи безбеден пристап до градинката, како и поврзување и олеснување на сообраќајот по улиците од горниот дел на градот.

Струмица се сака со дела.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.